(ГАЛЕРИЈА) Концерт на „Меморија“: Неуништливите јунаци на македонската поп-рок музика блеснаа во ново светло!

Враќање како да беа вчера а не пред децении – би бил кус епилог од тоа што дечките од „Меморија“ и го преиредија на публиката на нивниот „повратнички“ концерт и уште еднаш покажаа дека времето никако не коже да ги уништи вистинските вредности…А, „Меморија“ е вредност.
Не е тешко да станеш.
Тешко е да ОСТАНЕШ.
“’Меморија’ вечерва го положи најтешкиот испит – филтерот на времето.
После дваесет и кусур години пауза направија концерт по сите светски стандарди, на кој дојде река од илјадници луѓе.
Два саата бендот свиреше, публиката пееше на цел глас.
Можете да не ја сакате македонската рок и поп музика
ама ова вечерва беше потресно.
Концертов беше историски.
На целата екипа и’ честитам од срце.
Перо – Kamikaza друже, ти се восхитувам на силата, ентузијазмот и вољата.
Живи и здрави да сте, утепавте вечерва“ напиша Тоше Поп Симонов.
Но, социјалните мрежи беа полни со комплименти за „Меморија“, а кога се знае од кого доаѓаат тогаш имаат уште поголема вредност.

Погледнете дел од атмосферата на синоќешниот концерт на „Меморија“…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+РЕЦЕПТ) МОЌЕН СОК ОД КРАСТАВИЦА: Напиток кој ќе ве разлади и ослободи од токсини!

Сокот од краставица ќе ви помогне да се разладите во жешките летни денови. Сокот од …