(ВИДЕО) Направила куќа на два спрата само по упатства од Јутјуб!

Веројатно е тешко да се замисли како жена без ниту малку искуство во градежништвото можела да изгради куќа на два спрата, со пет спални благодарение исклучиво на упатствата од видета од Јутјуб.
Кјара Бруклин и нејзините четири деца се жив доказ дека тоа е можно.
Нејзиниот најстар син, Дру, и помогнал да го изработи нацртот на куќата а потоа и’ да добие одобрение за градба, од страна на градот.
Нејзината ќерка, Џејда, помагала така што носела вода од рибникот на соседот и мешала бетон за темелите, додека нејзината втора ќерка подготвувала храна за сите.
Работеле само преку викенд, но и секој ден во текот на распустот и успеале за девет месеци да ја изградат куќата. Минале низ сите фази: од копање темели до ѕидање на зидовите на куќата.
Откако инспекторите дошле во обиколка,биле изненадени како сето тоа е професионално изработено, не верувајќи дека тоа го изградила една мајка без никакви знаење за градежништвото.
Домот кој има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални соби и два спрата го нарекле Inkwell Manor, а куќата вреди околу половина милион долари.
Како изгледала градбата а потоа и готовата куќа погледнете во видеата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. знаци дека имате совршен сопруг

Мудрите луѓе велат дека склучуваме брак од љубов, и во него навистина се запознаваме: и …