(ВИДЕО+ФОТО) Денот кога авион удрил во Емпаер Стејт Билдинг: Чудесна приказна за жената која преживеала пад од 75. спрат

Оваа неверојатна жена ја победила и самата гравитација кога преживеала пад од 75. спрат, заробена во лифт.
Лифтот бил ноќен кошмар на голем број луѓе, но понекогаш кошмарите стануваат вистинско чудо. Пример за тоа е Бети Лу Оливер која успеала да ја измами смртта и да преживее катастрофа каква е невозможно да се преживеее.
Имено, Бети во 1945. година работела во Емпаер Стејт Билдинг кога во зградата по грешка удрил воен авион, бомбардер Б-25. Таа во тој момент работела на 80. спрат на тогаш највисоката зграда во светот.

Авионот се движел кон воената база во Бедфорд, односно кон аеродромот во Њуарк, а кога почнал да слетува почнале проблемите со видливоста. Пилотот бил дезориентиран, немал добра комуникација со контролата на летот, па наместо лево свртел десно и удрил во Емпаер Стејт Билдинг.
Еден од моторите на авионот пролетал низ зградата, а пред да падне на тлото експлодирал. Вториот паднал низ отворот за лифт и довел до пожар, кој буктел 40. минути после несреќата се’ додека пожарникарите не го изгасиле.

За среќа, била сабота и во зградата имало помалку луѓе од обично. Загинале околу 14. лица, од кои 11. работеле во зградата, а покрај нив загинале и пилотот и патникот кои биле во авионот.
„Само што почнав да се спуштам од 80. спрат, слушнав страшна бучава…“ раскажала Бети.
Бети Ли Оливер спасувачките екипи ја извлекле од запалените простории и се обиделе да ја евакуираат со помош на лифтот.
Меѓутоа, каблите испукале а Бети имала слободен пад од 75 спрата. Во допирот со тлото била сериозно повредена, но преживеала и нејзиното име сега се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди како лице кое преживеало највисок пад во историјата.

Сепак, Бети се покажала како неустрашива бидејќи пет месеци после несреќата повторно, без страв, зачекорила во лифтот. Доживеала длабока старост, починала во 1999. година, една година пред 11. септември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …