(ВИДЕО+ФОТО) „Американска криминалистичка сторија“: Погледнете го трејлерот од напнатата крими серија за убиството на Џани Версаче

Трејлерот за американската телевизиска серија заснована на вистински злосторства го најавува влегувањето во светот на модата и ја донесува приказната за убиството на италијанскиот моден дизајнер Џани Версаче.
Режисер е Рајан Марфи, а убиецот на Версаче, Ендрју Канинхам, кој славниот дизајнер го застрелал на скалите на неговата вила во Мајами во 1997. година, го глуми 30. годишниот американски глумец Дарен Крис.
Канинхам на почетокот на трејлерот делува како нормално момче во дваесеттите години, но многу бргу полициската сцена го прикажува во застрашувачко светло, откривајќи дека во својот убиствен поход зад себе оставил тела на четворица мажи.
„Овој свет за мене е изгубен, а сепак вас господине Версачи овој свет ве направи ѕвезда. Не сте подобар од мене, не сме еднакви. Единствената разлика е во тоа што вие сте имале среќа“ ги открива мотивите за својот налудничав наум Канинхам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИРУВАЛА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ – Јосипа Лисац за нарушеното здравје: „Се уште сум далеку од излекување“

Музичката дива Јосипа Лисац за време на гостувањето во емисијата „РТЛ Директ“ проговорила за своето …