(ФОТО) Продаден болидот на Шумахер со кој го освоил последниот трофеј: Износот кој купувачот го „искеширал“ изненадил многумина!

Болидот со кој легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, го освоил својот последен трофеј во кариерата е продаден за неверојатен износ.
Болидот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер, со кој последен пат победил на Големата награда на Монако, продаден е на аукција во Америка за 7,5 милиони долари.
Шумахер со овој болид возел три трки, од кои во две излегол како апсолутен победник – ГН Монако и ГН Унгарија. Станув збор за Ферари Ф2001.
Легедарниот Германец таа година по петти пат победил на ГН Монако, а истата сезона ја остварил четвртата од седумте титули на светски шампион.
Германскиот возач таа година доминирал, победил во девет од 17 трки и дошол до двојно повеќе бодови од второпласираниот Дејвид Култард во Мекларен.
Сите посетители на аукцијата ја очекувале бројката од 3,5 милиони долари а болидот кој е продаден за 7,5 милиони долари станал најскап примерок на Формула 1.
Седумкратниот светски шампион сеуште се опоравува од тешката несреќа која во 2013. година ја доживеал на скијање во Франција.
Дел од приходот од оваа аукција ќе му биде уплатен и на Михаел Шумахер.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …