(ФОТО) Конечно убави вести од Бубе Ин: „Се враќам со многу новини!“

„Среќен сум што бев опкружен со позитивни ликови кои ми ја вратија самодовербата и сватив дека сум имал многу клетници кои ми ја цицале крвта, но доста беше, се рехабилитирам и се враќам на пиадесталот кој ми припаѓа…“

Големиот мајстор на својот занает, прочуениот стилист за коса Љупчо Петрушевски Бубе преживеа вистинска голгота во годината што изминува. Поради големи ангажмани, малку одмор, намален имунитет и силни стресови, заболе од воспаление на мозокот. Во миговите кога му беше најтешко и се бореше со болеста, се соочи и со суровоста на познаниците кои му пуштија гласини дека е ХИВ-позитивен.
За овој тежок период од животот Бубе, во живо, во утринската програма на „Сител“ зборуваше пред јавноста, ги демантираше гласините и порача дека е силен и ќе се бори! А токму во таа борба се приклучи армијата негови пријатели, клиенти и хумани луѓе кои посакаа да учествуваат во неговата борба и да му помогнат да ги собере потребните средства за да „се врати магијата во неговите раце“.
Бубе со сопствените сили, средства, а помогнат и од средствата од хуманоста на учесниците во акциите за него како „Мајсторите за мајсторот“, замина на операција и по успешно изведената постапка порача – „Се враќам на големо, со многу новини!!!“ На својот Фејсбук профил, објави фотографија од рентген снимката на рамото на кое е извршен потребниот хируршки зафат и се заблагодари на сите пријатели, а во свој стил, ги спомна и непријателите:
„Почитувани пријатели познаници клиенти и неизоставните непријатели еве конечно неодамна се реализираше мојата операција имплант на рамо. Пред се сакам да се заблагодарам на сите оние кои помогнаа да се направи овој зафати ,и на сите оние безгрижници кои само прашуваа што се деси каде отиде помошта, кои мислеа дека се е само фарса… е па еве уверете се сами …. што се случува со мене после сите лоши нешта што ми се случувааа овој период верувам во Бог и во сам себе дека веќе нештата ке одат во нагорна линија на подобри и посреќни денови. Среќен сум што бев опкружен со позитивни ликови кои ми ја вратија самодовербата и сватив дека сум имал многу клетници кои ми ја цицале крвта, но доста беше, се рехабилитирам и се враќам на пиадесталот кој ми припаѓа. До кој стигнав мачно и со многу труд и мака и нема да дозволам да го земе некој туку така, верувајте, се враќам на големо со многу новини и секако да не зборавам да му се заблагодарам и на мојот тим кој остана лојален и истраен до крај на сите мои зановетања и одговори на моите барања и потреби! Thanks дечки, You are the best, Love you!“

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …