(ФОТО) Серена Вилијамс се омажила за својот милионер: На венчавката просуствувале Ким Кардашиан, Бијонсе…

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Серена Вилијамс, се омажила за својот милионер и основач на „Редит“, Алексис Оханиан.

На тематската венчавка во знакот на „Убавица и ѕверот“ присуствувале бројни познати личности меѓу кои се и Бијонсе, Ким Кардашиан, Ана Винтур, Ева Лонгорија и други…

Во друштво на пријателите, семејството и двомесечната ќерка, двојката го изговорила судбоносното „Да“ на церемонија во Њу Орлеанс.

Серена кон крајот на 2016, година на сајтот „Редит“ објавила дека се мажи.
Според пишувањето на странските медиуми, сопругот ја запросил на романтичен одмор во Рим, каде и се запознале, додека неименувани извори тврдат дека тоа го направил на истото место каде имале вечера…
Двојката ја има ќерката Алексис Олимпиа Оханиан која се родила во средината на септември.

We love bath time

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

Ladies is a "push present" a thing? If so what did you get if anything? #conversationstarter

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …