(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…

Jump up in this beach like…

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Хали Бери е една од најценетите холивудски глумици, освоила бројни награди и најпозната е по со Оскарот наградената улога во филмот „Бал на чудовишта“.
Она што некои од нејзините обожаватели не знаат е дека таа има дијабетес.
Во текот на снимањето на ТВ серијата „Living Dolls“ во 1989. година глумицата се онесвестила и итно била префрлена во болница. Влегла во дијабетичка кома и била без свест една недела. Кога Хали се разбудила лекарите и рекла дека има дијабетес тип 1. што значи дека е зависна од инсулин. Ќе мора потполно да ја промени исхраната, да го проверува шеќерот во крвта неколку пати дневно, и ќе си става инсулин кога е потребно.Лекарите исто така и кажале и за компликациите кои можат да произлезат од таа состојба, како што се губење на видот, затајување на бубрезите и кардиоваскулрни болести.

Standing tall with women who speak out against mistreatment in ANY industry!

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Хали била преплашена
Никогаш не мислела дека може да добие дијабетес. Била млада, во добра форма и немала семејна историја со таа болест. Но, луѓето со афроамериканско потекло имаат голем ризик за дијабетес, и тоа е можеби единствениот ризик кој го имала.

Manifesting in Miami

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Хали ја спроведува кетогената диета, а тоа е исхрана со малку јаглени хидрати и многу здрави маснотии. Откако и е дијагностицирана болеста, глумицата почнала да јаде повеќе свеж зеленчук, тестенина, риба и пилешко, престанала да јаде црвено месо и морала да го ограничи овошјето во својата исхрана поради високиот удел на шеќер. Редовно вежба јога за да остане во добра форма.

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Дијабетесот ја направил појака
Хали пред неколку години изјавила:
„Шеќерната болест се покажа како дар, ми даде сила и отпорност бидејќи морав да се соочам со стварноста, без оглед колку ми е непријатно или болно“.
Во 2007. година Хали Бери највила дека престанала да става инсулин. Лекарите на глумицата и рекла дека всушност има дијабетес тип 2. и болеста во почетокот и била погрешно дијагностицирана.До таков заклучок дошле поради тоа што лицата со тип 1 не произведуваат инсулин и мораат да го вбризгуваат за да преживеат. Иницијалната дијагноза која се покажала како погрешна се припишува на фактот дека младите луѓе, а ообено оние во добра физичка кондиција, ретко добиваат дијабетес тип 2, а почетокот на типот 2 е постепено.

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. знаци дека имате совршен сопруг

Мудрите луѓе велат дека склучуваме брак од љубов, и во него навистина се запознаваме: и …