Generated by IJG JPEG

(ФОТО) Алехандро Санс со „Деспасито“ најуспешен на Латино Греми наградите

Годинешниот мегахит „Despacito” на Порториканците Луис Фонси и Деди Јенки освои најмногу Латино Греми награди на 18.то доделување кое се одржа сношти во Лас Вегас.

Песната победи во категориите: пeснa на годината, најдобро видео, запис на годината и најдобра урбана комбинирана изведба (заснована на мотиви од секојдневието, со примеси на конвенционални жанрови).
Алехандро Санс е прогласен за личност на годината, а таа награда ја посвети на младите имигранти, кои во САД дошле илегално и се познати како „сонувачи”. Санс, покрај тоа, во свечениот говор ги спомена и погодените од природните непогоди во Порто Рико, Тексас, Мексико, Флорида, Доминиканската Република…
Порториканскиот рапер Ресиденте доби награда за најдобар урбан албум – за компилацијата што го носи неговото име, и за најдобра урбана песна – за „Somos Anormales” (Не сме нормални).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …