По обвинувањето од Јелена Докиќ дека татко и крвнички ја тепал, се огласил и виновникот за сите трауми на некогашната тенисерка – татко и Дамир!

После објавувањето на автобиографијата под наслов „Нескршлива“ во која некогашната тенисерка Јелена Докиќ изнела стравични детали за тоа како нејзиниот татко крвнички ја тепал,се огласил и Дамир Докиќ.
Дамир одбегнувал да говори за медиумите, и досега не била слушната неговата страна од приказната, се јавил на само еден телефонски повик и во две реченици кажал што има.
„Не следам што се случува во медиумите. Немам никаков коментар и ве молам да не ме вознемирувате“ рекол Дамир Докиќ.
Капијата на големиот имот во Врдник, на падините на Фрушка Гора,во понеделникот била заклучена,а по пространиот двор тркал малечок црн пес.А од куќата никој ниту изегувал ниту влегувал.
За својот сограѓанин Докиќ, кој живее на брдото, на крајот на ова место,жителите велат дека ретко го гледаат.
„Не се дружи со мештаните, колку што јас знам“ рекол постар маж кој сакал да остане анонимен.„Го гледаме само кога ќе помине со автомобилот или на мопедот кога е убаво време. Последните години се повлече, а дури се зборуваше и дека го продава имотот. Дали се откажал од тоа не знам, но некогаш вареше многу убава ракија“.
Некогаш четвртата тенисерка на светот во својата автобиографија, чии делови требало да објави австралискиот „Дејли телеграф“, обелодениле како детето проживува трауми. Во книгата насловена „Нескршлива“ според пишувањето на овој австралиски медиум, Докиќ наведува како татко и ја тепал, шутирал и плукал кога како шест годишна почнала да се бави со тенис.
„Баш многу ме тепаше. Почна од првиот ден кога го земав рекетот во рака, а потоа се’ излезе од контрола“ пишува во автобиографијата на Јелена.
„Тепањето беше скоро секојдневно, а ми беше и’ емотивно тешко. Тоа не е само физичка туку и ментална болка, тоа најмногу ме болеше. Кога имате 11. или 12. години и кога слушате страшни работи е многу тешко“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фотографијата на Роналдо и Мбапе од тунелот после натпреварот е хит на интернет

ФРАНЦИЈА и Португалија одиграа 2:2 во последното коло од групната фаза на Европското првенство. На …