(ФОТО) Трагедија во Америка: Поранешен пилот ги убил сопругата и децата и ги фрлил во ѓубре

Поранешен пилот ги застрелал младата сопруга и двете малечки дечиња – 9. месеци и 3. години, и си го одземал животот. Трагедијата се случила во американскиот град Скотсдејл, соопштува The Sun.

Полицијата објавила дека семејството имало финансиски проблеми во бизнисот со физикална терапија и рехабилитација. Кога еден ден 39. годишниот Џејсон не се појавил на работа, сите се сомневале дека се случило нешто ужасно.


Сестрата на младиот човек, Џејн, тврди дека тој не бил лош човек, едноставно не успеал да се справи со натрупаните проблеми.
“Многу го сакаше своето семејство. Само му беше потребна стручна помош. Џејсон можеше да ги натера луѓето да се смеат како што никогаш не се смееа во нивните животи“ рекла Џејн.„Тој беше неверојатен постар брат”, додала неговата сестра.
Семејството на Џејсон живеело во мала област каде што сите се познавале. Иако знаеле за проблемите на поранешниот пилот никој не можел да предвиди таков исход.
“Ени многу си ги сакаше децата. Кога човек ќе застанеше до неа не можеше да не ја почувствува љубовта кон децата но и неверојатната добрина која ја имаше”, дополнила сестрата на Џејсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Во времето на прогонството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена …