(ВИДЕО+ФОТО) Интимна исповед на Јелена Докиќ:Татко ми ме тепаше до бесвест!

Бившата српска тенисерка Јелена Докиќ за австралиските медиуми зборувала за тортурата која во детството ја проживеала од страна на нејзиниот татко Дамир.

 

Докиќ деталите од своето детство ги напишала во автобиографската книга која денес ќе биде промовирана, а дел од тортурата која ја минала ја изнела и пред тв камерите на австралиска телевизија.

„Ме удираше, ме влечеше за косата, ми ги влечеше ушите, а кога немаше физичко мачење имаше вербално. Ми зборуваше најлоши навреди и тоа кога имав само 11. години…Имаше сешто. Со чевли ме гаѓаше во глава, ме шутираше…“ открила Докиќ и додала:
„Често знаеше да ме теша со каиш бидејќи лошо сум го сработила тренингот или само затоа што тој дента не бил расположен. Проблемот е во тоа што тој тоа го правеше многу често, скоро секој ден“.

На Докиќ во сеќавање и останало насилството кое го доживела во 2000. година кога загубила на стартот на турнирот во Канада.

„Имам ужасно сеќавање кое засекогаш ќе ми биде врежано…На крајот се онесвестив. Крвнички ме претепа“ се потсетила Јелена Докиќ.

Инаку, Дамир Докиќ минал 15. месеци во затвор затоа што во 2009. година му се заканувал на амбасадорот на Австралија во Србија со рачна граната, а за време на кариерата на Јелена често доаѓал во судири со судиите и новинарите, поради што неколку пати му било забранувано присуството на турнирите. Помеѓу останатото бил исфрлен од Вимблдон во 2000. затоа што на еден новинар му го искршил телефонот.

Јелена Докиќ (34) била една од најголемите надежи на светскиот тенис, била и четврта тенисерка на светот, но и девојка која поради бројни проблеми со татко и често била во медиумите поради потполно погрешни причини.
Денес Јелена ја брои четвртата година на тениска пензија и гради сосема мирен и здрав живот, после бројните проблеми.

Иако одамна ја завршила автобиографијата во јавноста биле пласирани исечоци од нејзиниот драматичен живот. Татко и на Јелена често и приредувал вистински пекол.
Поради проблеми со тироидата Јелена од 60. килограми колку што имала во деновите кога активно играл тенис, се здебелила до неверојатните 120. килограми

Но, после голема борба и напорна работа на себе и здравјето Јелен успеала да симне 30. килограми и што е најдобро, верува дека би можела да се врати на врвниот тенис.
„Одлуката да излезам со ова во јавност беше многу тешка. Добро размислив за тоа, особено што јавноста секојдневно ме осудуваше па излегувањето во медиумите со самото тоа беше пострашно. Но, одлучив мојата приказна да ја поделам со сите, бидејќи,ако мојата приказна инспирира барем едно лице се’ вредело“ напишала Јелена на својот Инстаграм профил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …