(ВИДЕО+ФОТО) „Тато“ се враќа:Мистер Бин на 62. години ќе стане татко по трет пат

Партнерката на Роуан Аткинсон е 30. години помлада од него. Би требало да роди за неколку недели. Аткинсон со бившата сопруга Сунетра веќе има две возрасни деца
Луиса Форд (33) и легендниот британски комичар Роуан Аткинсон (62) последните три години се во врска. Се запознале на Вест Енд додека заедно глумеле во претстава. Како што пишува Daily mail, Луиса за неколку недели би требало да се породи. На Аткинсон тоа ќе му биде трето дете.
„Роуан и Луиса се пресреќни, едвај ја чекаат приновата“ рекол извор близок до парот за Sunday People.
Аткинсон минатата година се развел од сопругата Сунетра со која има две деца, синот Бенјамин (23) и ќерката Лили (21). Во брак биле 24. години. Наводно, ќерката, после разводот ги прекинала сите контакти со таткото.
Се проценува дека Аткинсон во кариерата заработил околу 70 милиони фунти. Се прославил со улогите во сериите „Црниот Гуја“ и „Мистер Бин“. Ликот Бин го глумел и во два долгометражни филма, како и смотаниот таен агент Џони Инглиш. Се појавил во серијалот за Џемс Бонд во филмот „Никогаш не вели никогаш“, комедиите „Четири венчавки и погреб“ и „Всушност љубов“, а последните години можевме да го видиме и во сериозната улога на инспектор Мегре, во истоимената серија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …