(ФОТО) Светскиот првак шокиран со нападот во Бразил: Со пиштоли ограбиле екипа на Ф1

Членовите на шампионската екипа на Мерцедес на Формула 1 во пресрет на Големата награда на Бразил проживеале шокантно искуство.
Новиот првак на светот, Луис Хамилтон, открил дека членовите на неговиот тим синоќа во Бразил биле ограбени, а напаѓачите им се заканувале со пиштол.
Хамилтон приказната ја објавил на Твитер, а тврди дека биле испукани куршуми од пиштол,а на еден член на неговата екипа напаѓачот му ја допрел цевката од пиштолот на главата.
Грабежот се случил блиску до патеката Интергалос додека екипата се враќала од подготовките за неделната трка.
Хамилтон:„Секоја година иста приказна, направете нешто, доста се изговори!“

Набргу се огласила и екипата на Мерцедес:„Еден минибус е ограбен со закани со пиштол. Украдени се вредни предмети, но сите се на сигурно и неповредени, што е и најважно“.
Локалните банди и’ порано им создавале проблеми на организаторите и посетителите на Формула 1 во Бразил. Пред седум години бил нападнат Џенсон Батон како и членовите на Заубер.
Хамилтон од организаторите побарал да се погрижат за сигурноста на сите возачи и членови на Ф1 екипите:
„Ова се случува секоја година, Формула 1 и екипите мораат нешто да направат, доста се изговори“.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Македонија денеска се регистрирани 934. нови случаи на Ковид 19: Починати се 5. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани …