(ФОТО) Мразот забрзано се топи: Нешто чудно се случува на Антарктикот, а доаѓа од внатре

Американската Национална вселенска агенција “NASA”, пронашла извор на чудна топлина под Антарктикот, поради која ледениот континент забрзано се топи.
Пред околу 30. години, научник од Универзитетот во Колорадо соопштил дека можеби постои нешто повеќе од жешки карпи во обвивката на Земјиното јадро, и тоа во регионот познат како Земјата Мери Берд. Таа претпоставка помогнала да се објаснат некои чудни појави на мразот, како вулкански активности.

Во некои делови на светот, жешките карпи се креваат од Земјината обвивка, а потоа се шират под кората, поради што и земјиштето се крева. Таквите појави се карактеристични за Хаваите и Јелоустоун, кои бележат силна геотермална активност, и покрај тоа што се далеку од работ на тектонските плочи.
Меѓутоа, неверојатен е фактот дека се наоѓаат и под големата количина на мраз.

“Мислев дека тоа е луда идеја”, рекла Хелен Сероуси од лабораторијата “JTL” на НАСА, која е лидер на новото истражување. “Не увидов дека би можеле да имаме толку голема количина на топлина, а мразот на површината да се задржи”, вели таа.

Тимот сега направил нумерички модел на геотермалните активности, за да ги истражи необичните појави на Земјата Мери Берд, вклучувајќи ги и големите реки, кои се јавуваат под површината на мразот, како и езерата на цврстата површина.

Утврдиле дека длабоко во утробата на Земјата, на ова место постои силен извор на притисок и топлина, кој е формиран пред меѓу 50. и 110. милиони години, многу пред Антарктикот да биде окован со мраз.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …