(ФОТО) Кетрин Зита Џонс со бакнеж во уста се поздравила со свекорот Кирк Даглас

Кетрин Зита Џонс навистина има необични манири на поздравување со својот свекор Кирк Даглас…
Кирк и неговата снаа се сретнале на добротворна забава на која убавата глумица стасала со сопругот Мајкл Даглас и неговиот син Камерон.

Здогледувајќи го Кирк, Кетрин му пришла и го бакнала во уста, а таа сцена ја забележале бројните фотографи кои се нашле на вечерата. За само неколку часови фотографијата го обиколила светот, а коментари пристигнуваат од сите страни.

Не е познато дали станува збор за неспретност на стогодишниот Кирк или за необичниот начин на поздравување, но познато е дека Кетрин има одлични односи со родителите на својот сопруг, па убавата глумица срдечно ја прегрнала и свекрвата, Ен Даглас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …