(ВИДЕО) Најпопуларниот робот на светот го прашале дали сака луѓе, одговорот што го добиле не го очекувале

BUSINESS INSIDER направил интервју со најпопуларниот робот на светот, Софија, која неодамна станала државјанка на Судиска Арбија, станувајќи така прв робот граѓанин на земјата.
Софија е дело на компанијата „Hanson Robotics” од Хонг Конг, а нејзините творци велат дека нејзина цел е да учи, да се развив и со тек на времето да дојде до стадиум кога ќе може потполно да се вклопи меѓу луѓето.
Софија е првпат активирана во 2015. година а нејзиното лице е направено по узор на Одри Хепберн. Нејзиниот творец Дејвид Хенсон, кој претходно работел анимации за Дизни, се потрудил да ја направи што почовечка.

loading...

Така, Софија препознава лица и гласови, а дизајнирана е и со тек на времето да станува се’ попаметна и да и се подобруват социјалните вештини.
На почетокот на интервјуто кое Business Insider го направил со моментално најпопуларниот робот во светот, Софија одговара на стандардни прашања, како името, колку е стара и што работи.
А тогаш новинарот ја прашал дали ги сака човечките суштества. Пред да одговори „ги сакам“, Софија неколку моменти размислувала. „Зошто“ ја прашал новинарот. „Не сум сигурна дека разбирам зошто“ одговорила Софија.


Понатаму објаснува дека смета дека е женско, но свесна е дека како робот нема пол. „Јас сум робот и технички немам пол, но се идентификувам како женско и не ми пречи што ме сметаат за жена“ рекла и ги изненадила новинарките кои го пофалиле нејзиниот одговор.
Што се уште ја прашале може да се види во снимката погоре, а во снимката подолу погледнете како изгледало интервјуто со неа кое настанало во март 2016. година. Разликата е повеќе од очигледна, а што пак ќе биде за десетина години ќе покаже времето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ако сакате да ве следат среќа и здравје, утре јадете го ова овошје: Обичај на Крстовден што мора да го испочитувате!

Оној што е крстен со крст пости на Крстовден“ Крстовден е голем празник што Македонската …