(ВИДЕО) Момче од Пакистан ја врти главата за 180 степени

Момчето со неверојатна и малку морничава вештина може да гледа назад без да го ротира телото.
Мохамед Самеер од пакистанскиот град Карачи влегол, неодамна, во центарот на вниманието со огромната флексибилност – 14.годишното момче може да ја заврти главата 180 степени со помош на рацете за да гледа токму зад себе како був. Тој исто така може да ги сврти рамењата на 360 степени.

Оваа способност не е конгенитален дефект, туку резултат на долга обука. Инспириран од актер од хорор филм, кој ја вртел главата на ист начин, Мохамед почнал редовно да тренира и развил оваа “суперсила” во текот на неколку месеци.
Мајката на Самир се обидела да го спречи да прави такви екстремни вежби, но со текот на времето, сфатила дека „ова е дар од Бога”.
Тој го напуштил училиштето и се приклучил кон танц група “Опасни момчиња”, за да заработува за живот и да помага на семејството, откако неговиот татко добил мозочен удар и бил принуден да ја напушти својата работа.
Сега Мохамед се надева дека неговата еластичност ќе му помогне еден ден да учествува во холивудски филм.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Амазон ја снима најскапата серија во историјата на телевизијата

ПРВАТА голема серија на Амазон, според најавите, ќе биде најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи …