(ВИДЕО) Најплодна жена на светот: Има 37. години и 38. деца!

Најплодната жена на светот е од Уганда. Таа е рекордерка по бројот на здрави бремености и породувања, а сите деца ги добила со истиот маж…

Мариам Набатанзи Бабирие, 37. годишна од селото Кабимир во Уганда, е невидено плодна, е заклучок на стручњаците.Имено, таа жена родила дури 38. здрави деца,а сиет се зачнати со ист маж.
Нејзините соселани поради тоа и го дале прекарот Налонго Мазала Бана кој во слободен превод значи „мајка на близнаци кои раѓаат четворки“.
Мариам досега шест пати родила близнаци, четири пати тројки, три пати четворки и само два пати кога била трудна родила по едно дете.
И иако тие рекордни повеќеплодни бремености се изненадување за голем број луѓе, тие не ја шокирале Мариам која вели дека склоностите за тоа веќе долго постојат во нејзиното семејство.
„Мојот татко има 45. деца со неколку различни жени, а сите тие раѓале двојки, тројки и четворки“ изјавила за Ugandian Daily.
Др. Чарлс Кигинду, гинеколог од болницата Мулакао смета дека Мариам својата плодност ја наследила од татко и.
„Таа има генетска склоност за хиперовулација, при која испушта неколку јајни клетки во ист циклус. Поради тоа се зголемуваат шансите за бремености со близнаци и повеќеплодности“ објаснил Кигунду.
Мариам се омажила многу млада, со само 13. години. Веќе истата година ги родила своите први деца – близнаци. Таа вели дека од лекарите неколку пати барала совет како да ја намали својата плодност, но тие и рекле дека со оглед на тоа дека произведува толку многу јајни клетки, хормоналните контрацептивни методи како и оние останатите би наштетиле на нејзиното здравје.
„Моментално живеам со 21. дете. Неколку деца посвоија парови кои не можат да имаат деца. Останатите живеат со наши роднини и членови на семејството кои ни помогнуваат да ги прехраниме и одгледаме. Стручњаците кои ги набљудуваа нашите деца велат дека тие не само што се изненадувачки здрави туку и сите се натпросечно интелигентни“ додала мајката на 38. деца.


Најплодната жена на светот родила 69. деца
Во 18. век да имало таблоиди сигурно „би полуделе“ по семејството на рускиот селанец Фјодор Василев бидејќи неговата прва сопруга (чие име не е познато) наводно родила најмногу деца во светот.Според податоците на локалниот манастир, кои потоа ги испраќале на владата во Москва, госпоѓа Василев помеѓу 1725. и 1765. година родила 16. пара близнаци, седум тројки и четири пати четворки.
Жената со 69. деца
Таа преживела вкупно 27. породувања и родила 69. деца.
„Тоа звучи фантастично. Мислам, 69. деца? Ама дајте, ве молам“ бил коментар на Џејмс Сегарс, директор на одделот за репродуктивна наука и истражувања на женското здравје на факултетот Џон Хопкинс.
Поради тоа се поставува прашање дали постои ограничување кога станува збор за тоа колку деца може жена, по природен пат, да зачне и роди? А, современата наука тврди дека, барем во теорија, бројката е многу поголема отколку што би помислиле.
Математички гледано, лесно е возможно да се износат 27. бремености во текот на 40. години. Особено ако земете предвид дека бременоста со тројки и четворки обично трае покусо од девет месеци. Тоа би значело дека во текот на 40. години госпоѓа Василев 18. ги минала во друга состојба, што е помалку од половина време. А, дали е то оствариво во стварност е сосема друга приказна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдобрите пози во сексот за студените зимски ноќи

Кога ќе дојдат студените зимски денови, навистина нема ништо попријатно од свиткување во прегратките на …