(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Белите дробови на Њујорк: 8. занимливости за славниот Централ Парк

Вилијам Кулен Брајант, поет и уредник на New York Evening Post уште во 1844. година повикувал на изградба на нов парк истакнувајќи дека е добро за здравјето на луѓето, но и за целиот град…

Ви откриваме скриени тајни на омилениот парк на Њујорчани и задолжителна станица на многу туристи.
Микрокосмос на државата Њујорк
Јужниот дел од паркот, кој е помалку рустичен и формален, е осмислен да потсетува на Њујорк и неговите богати предградија. Малку посеверно ќе видите брда и шуми, и клупи кои можат да не потсетат на северниот дел од градот.
Изграден да ја подигне вредноста на недвижностите во околината
Властите во Њујорк во 1853. година одлучиле да дозволат изградба на првиот раскошен парк на јавно место. Иако е точно дека некои богати Њујорчани сакале прекрасен парк како оние во Лондон, Мадрид, најверојатно властите дозволиле изградба на паркот за да ја подигната вредноста на недвижностите во околината.
Цената на паркот е скоро како цената на цела Аљаска
Купувањето на паркот кој се протега на 3,4 квадратни километри Њујорк го чинел 7.4 милиони долари, а Аљаска, која САД ја купиле од Русија чинела 7,2 милиони долари.
Кој ја предложил изградбата на паркот?
Има многу теории кој ја предложил изградбата на Централ парк, но најверојатно тоа бил Вилијам Кулен Брајант, поет и уредник на New York Evening Post бидејќи уште во 1844. година повикувал на изградба на нов парк истакнувајќи дека е добро за здравјето на луѓето, но и за целиот град.
Јавен натпревар за уредување на паркот
На јавниот натпревар за уредување на паркот во 1858.година меѓу 32. учесници победиле Фредерик Ло Олмстед и Колберт Во. Условите за уредување на паркот биле многу специфични и барале главна фонтана, место за одржување паради, четири улици на крст, место за изложби или концертна сала…
Олмстед мразел детски игри
Олмстед сметал дека паркот е осмислен за прошетка и опуштање, а не за трчкарање и скокање на деца. Тој мислел дека на децата треба да им се забрани да си играат на тревата.
Овча ливада
На препознатливата Овча ливада во Централ паркот некогаш навистина постоела овца. Од естетски причини Олмстед сакал овца, која тука била се’ до 1934. година.
Зошто улиците во Централ паркот се закривени
Улиците во Централ парк се осмислени како закривени за да се спречи одржување на коњски трки. Изгледа дека ваквите планови не успеле да ги успорат велосипедистите бидејќи пред две години Njujork Tajms објавил напис за незгодите во паркот, до кои доаѓа поради тркање на велосипедистите.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) За што зборувале кралските браќа? Експертите читале од усните!

По погребот на принцот Филип, нивниот дедо, принцовите Хари и Вилијам биле забележани како заедно …