(ВИДЕО) 10. серии кои ги гледаат ителигентните луѓе!?

Многумина од нас се „навлекоа“ на серии (и многумина од нас уживаа во досегашните изданија на „Игри на престолите“). Меѓутоа, дали некогаш сте се запрашале колку е „паметна“ вашата омилена серија?
Дали, можеби, се наоѓа меѓу десетте „најинтелигентни“? Имено, палетата на разноразни телевизиски серии никогаш не била поголема од денес.
Хиперпродукцијата – бројни интернет канали, телевизиски, кабелски, на претплата, на мобилни – сите нудат голем избор на (главно многу добри, но понекогаш се наоѓа и ’Ѓубре’ кое не може да се гледа) серии, па бројот на конзументи на истите значително се зголемил последните години.

А, кој не сака да гледа серии? Доаѓате од работа, уморни, нервозни па убаво се сместувате во фотеља или на двосед, или легнувате на кревет, вклучувате ТВ и гледате нова епизода од саканата серија. Зависност? Можеби – но не опасна, потполно безопасна.
Понудата на телевизиски серии денес е толку голема што не е лесно да се избере што да се гледа.
Според онлајн анкета на порталот Ranker откриваме кои серии го поттикнуваат размислувњето, па поради тоа ги гледаат главно интелигентни луѓе.
Ви донесуваме топ листа од 10 „најинтелигентни“ серии:
1. „Шерлок“


Серија која секого експресно ќе го залепи пред малиот екран. Одлични се сите сезони, но третата сезона на современото прикажување на детективските приказни за легендарниот Шерок Холмс, со одличниот Бенедикт Камбербач во насловната улога, е најгледана британска тв серија од 2001. година.
2. „Игри на престолите“


Зарем навистина постои некој кој не гледал барем една од седумте сезони, а новите доживувања на нивните јуанци е нешто што се чека со нетрпение и со уште поголемо внимание се следат сите информации за наредната сезона…
3. „Куќа од карти“

 

Острата политичка драмска серија не води зад кулисите на моќта, амбициите, љубовите, сексот, алчноста и корупцијата во модерен Вашингтон.Серијата е плод на соработка на неколку добитници на Оскар и Златни глобуси…За жал, поради скандалите на Кевин Спејси, Нетфликс, најави дека повеќе нема да снимаат…Но, во Македонија беше емитувана самопрват сезона па имем за гледање уште пет, доколку некогаш бидат откупени…
4. „На пат надолу“

Дејствието на оваа црнохуморна серија се врти околу професорот по хемија, Вајт, кому е дијагностициран неоперативен рак на плуќа. Заедно со својот бивш ученик почнува да се бави со криминал – произведува тешки дроги за да пред својата смрт финансиски го обезбеди своето смеејство.
5. „Декстер“

Декстер Морган работи во полиција како форензичар. Воедно е и сериски убиец…Звучи свирепо, зарем не? Ако досега на сте имале можност да ја следите оваа серија секако погледнете ја.
6. „Досиеа Икс“

Мораме ли било што да кажеме за една од најпознатите и најгледани научнофантастични серии на сите времиња?Се прашуваме дали некогаш нешто згрешиле Молдер и Скали…
7. „Доктор Хаус“

Серијата која ги добила сите можни награди. И неповторливиот Хју Лери како доктор Хаус. Во овој слуачј и репризите се добредојдени.
8. „Sense 8“

Засега се снимени две сезони на интригантната американска научнофантастична серија а највено е дека наредната година би требало да заврши. Но, искрено се надеваме дека продуцентите ќе се премислат…
9. „Доктор Ху“

И уште една научнофантастична серија – но британска. Доктор Ху влегол во Гинисовата книга на рекорди како најдолго прикажувана СФ серија, на сите времиња!
10. „Ханибал“

Глумецот кој го глуми страшниот убиец Ханибал – Мадс Микелсен – феноменално го отелотворил легендарниот суперинтелигентен, но психопатски човекојдец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …