(ФОТО) Торта од чоколадо и рум на Филипа Гомеш

Состојки:

150 г бисквити од житарки со вкус на чоколадо

80 г лупени лешници

80 г истопен путер

100 г млечно чоколадо

200 г црно чоколадо

100 мл млеко

300 мл слатка павлака

60 мл рум

3 жолчки

1 лажичка желатин во прав

5 лажици шеќер

сок од лимон

ливчиња бело чоколади и лешници за декорација
Подготовка: во блендер иситнете ги бисквитите. Смесата ставете ја во поголем сад, додајте ги мелените лешници, измешајте а потоа додајте го истопениот путер. Убаво измесената смеса нанесете ја на дното на калап, намачкан со путер, со страни што се одвојуваат и се префрлете во фрижидер.
Во соодветен сад ставете малку вода и оставете да зоврие. Додајте 100 мл млеко, 200 г искршено црно чоколадо и 100 г искршено млечно чоколадо и садот префрлете го над сад со вода и на пареа истопете го чоколадото.
Изматете слатка павлака со малку сок од лимон и 2 лажици шеќер.
Желатинот ставете го во малку вода. Жолчките изматете ги со 3 лажици шеќер и 60 мл рум во пенеста смеса. Истопениот желатин измешајте го во чоколадната смеса, а потоа се соединете, лесно, со жолчките и слатката павлака.
Извадете го калапот со подлогата и нанесете ја подготвената чоколадна смеса. Израмнете ја површината и калапот повторно вратете го во фрижидер, на најмалку два часа.
Потоа тортата префрлете ја на чинија за служење и украсете со ливчиња бело чоколадо и лешници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …