(ФОТО) Завршен Мастерс во Лондон: Надал во групата Сампрас, Федерер е фаворит во групата Бекер

Започнувајќи од недела, најдобрите светски тенисери ќе го играат завршниот Мастерс турнир во Лондон кој традиционално во изминативе неколку години се одржува во „О2“ арената.Како што беше најавено, на четири дена пред почетокот на спектаклот беше одржана ждрепката по која најдобро рангираните осум тенисери беа сместни во две групи.
Овојпат Пит Сампрас и Борис Бекер ја имаа честа да ги носат имињата на двете групи, со тоа што Американецот ја претставува групата А, а Германецот групата Б. Од извлечената ждрепка, мора да се напомене дека многу поинтересна на хартија изгледа втората група именувана по славниот германски тенисер, во која друштво на Роџер Федерер ќе му прават Александер Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок. Во првата група, Пит Сампрас, Надал допрва ќе треба да потврди дали официјално ќе настапи на завршниот Мастерс, а ако на крајот собере сили за да го одигра последниот турнир во годината, за противници ќе ги има Григор Димитров, Доминик Тим и Давид Гофан.
Двајцата најдобри од двете групи одат во полуфиналето, а паровите во оваа рунда ќе бидат добиение во зависност од тоа кој ќе заврши прв, а кој втор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Меган Маркл како вистинска дама на Холивуд: Носела интересен летен стајлинг

Меган Маркл отсекогаш имала вкус… Меган Маркл и принцот Хари викендов беа домаќини на хуманитарен …