(ФОТО) Готвач открил што јаде, секој ден, исклучително витата прва дама на Франција

Судејќи според зборовите на шефот на кујната на Елисејските полиња, Жилием Гомез, оваа бивша професорка многу внимава на својата исхрана
Иако не сакал премногу да открива, Гомез раскажал дека Бригит секој ден изедува десетина порции сезонско овошје и зеленчук.Нејзиниот сопруг Емануел сепак, сакал малку појаки оброци, меѓу кои и полнети шницли. За разлика од вработените кои јадат по однапред креирано мени, семејството Макрон може да нарача кој оброк ќе го посака, но Гомез тврди дека не им е на располагање 24.
часа.
„Не сме жртви на претседателските хирови“ рекол Гомез за Telegraph.
„Ако е тоа можно, на претседателската маса секогаш ќе послужиме француски производ. Сета риба,месо, овошје и зеленчук доаѓаат од Франција или од прекуокеанските територии. Приоритет ни е локална храна, произведена во кругот од сто километри од Париз, посебно овошје, зеленчук и млечни производи“ рекол Гомез.
Половина продути кои ги користат се од органско потекло, а некои и растенијата ги одгледуваат во градината на Елисејската палата.
Гомез открил и’ дека британската кралица Елизабета II го вооушевила кога од него побарала foie gras, паштета од џигер на гуска која се добива на специфичен начин.
„Со тоа јасно покажа дека таа е кралица и може што ќе посака“ рекол, готвачот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …