Не му давам на моето дете да работи за скапани 200. евра!

Колку лоша цел, какви се овие родители?! Замислете си колку нашето општество е лошо и изопачено, кога родител при здрава свест да даде ваква изјава.
Децата од мали нозе треба да се учат на скромност и на работа. Зарем во едно здраво општество е нормално да има вакви изјави?!
Тој родител е дел од јавното мислење што се гради, а тоа дете кога ќе порасне ќе биде полно со комплекси ако не успее. Зошто да не работи за 200 евра?! Зошто тоа е скапано, лошо и зошто така го воспитувате вешето дете?!
Барем додека растев јас, се ценеше секое денарче заработено чесно и донесено дома, не е срамота да работиш било која работа што е чесна, не е срамота да заработуваш помалку но ти си ги заработил и треба да си горд и среќен. Со изјавите за скапаните 200 евра што не ги пуштате децата да ги заработат произведувате деца кои утре нема да можат да се снајдат во животот. На полни
20 години нема купено леб спие до 14 часот на пладне и се кара со вас за да земе повеќе „џепарац“ за вечерта на шанк. Такво сакате да биде вашето дете?!
Децата на големите бизнисмени, милионери, милијардери па и некои поскромни родители во здрави општества си ги заработуваат парите за излегување. Работат во погон на лента, на шанк, на улица, во маркет…за тие скапани 200 евра. Тоа не го прават затоа што тато е скржав и не сака да даде 200 евра од милионите, туку го прават за да всадат работни навики кај детето, да знае од мали нозе
дека парите тешко се заработуваат, дека треба да се почитуваат сите работници и нивната работа, дека така треба да се почне во животот и здраво е да имаш помали примања колку што си помлад.
Во нашето општество сите сакаат детето да им заврши факултет и да стане директор до 27 години, не само што го сакаат тоа туку и им го поставуваат како главна цел на нивните деца кои порано или подоцна ризикуваат да останат животно не реализирани. Така крајот на денот кога ништо нема да знае да работи, бидејќи го скокнал делот кога дел од младите научиле како да заработуваат 200 евра и се стремат за повеќе а тој спиел, се убедувате не ова општество не е за него, и детето мора во странство, но оп таму бараат повеќе работа.
Затоа родители, не ги правите вашите деца хендикепирани од мали, научете ги дека секоја заработена пара вреди, нека работат нека се трудат. Будете ги порано нека го фатат денот, нека размислат, како ќе го поминат. Не се плашите дека ќе заработат макар денар, чесно, со труд и работа. Верувајте ќе уживаат многу повеќе него во тој денар кој вие ќе му го дадете во 14 часот после пладне. (Љ.С.)

Извор:скопје24.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …