(ФОТО) Тони Цетински испратил порака со сочувство на семејството на мажот кого го прегазил: „Ништо не може да ме утеши“

Несреќата во која прегазил човек Тони Цетински ќе го следи, вели, до крајот на животот. Откако вчера на својот профил на Фејсбук им се обратил на пријателите, денес преку своите блиски изразил сочувство на унесреќеното семејство.
„Како, зошто и што да се напише или каже во ваков момент? Како да му се помогне на еден несреќен човек, сограѓани и брат во ситуација кога најмногу би сакал, да можам, да го вратам времето или би посакал да ме разбудат од овој бизарен и трагичен ноќен кошмар.
Им благодарам на сите разумни и добри луѓе на поддршката во овие моменти, но верувајте ми дека воопшто не е битно како јас се чувствувам бидејќи ионака ништо не може да ме утеши, а во зборовите утеха кон семејството на загинатиот и на сите кои ме познаваат и да не говорам. Ќе биде тешко да се најде утеха, а болката е голема.
Моите мисли и молитви се усмерени кон него и неговите блиски и така ќе биде додека сум жив. Најдлабоко и искрено сочувство на семејството на починатиот и на сите кои го познавале. Големата болка засекогаш ќе остане“ се појавило денеска на приватниот профил на пејачот.
„Тони секако не е на Фејсбук, но ова се негови зборови. Нема ниту сила ниту можност за мобилно и било какво комуницирање“ стои како напомена под објавата…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …