(ВИДЕО) Филип Крајиновиќ и Џек Сок во финалето на Мастерсот во Париз

Српскиот тенисер, Филип Крајиновиќ, го победил Американецот Џон Ишнер во првото полуфинале на турнирот од Мастерс 1000 серијата во Париз со 6:4, 6:7 (2:7), 7:6 (7:5) и се пласирал во своето прво финале на АТП турот.
Крајиновиќ дошол од квалификациите, а во главниот ждреб ги совладал Сугита, Квери и Мау пред Надал да му го предаде мечот во четирифиналето.
Веќе сега 25. годишното момче го остварил најголемиот успех во својата кариера и обезбедил скок на 33. место на АТП листата.
Српскиот тенисер против американскиот горостас играл одлично, цврсто од основната линија и не се плашел да излезе на мрежа.Издржа и во најтешките моменти во тајбрекот од третиот сет, а притисокот попушти при последниот удар кога ги пушти солзите…

Американскиот тенисер Џек Сок во второто полуфинале го запре одличниот домашен ветеран Жулиен Бенето и го совлада со 7:5, 6:2.
За Бенето тоа бил последен меч кој го одиграл на овој турнир во кариерата, бидејќи го најавил своето повлекување после Ролан Гарос наредната година.

Филип Крајиновиќ и Џек Сок финалето го играат утре во 15. часот, а директниот пренос можете да го следите на Спорт клуб 1.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …