Надал поради повреда се повлекол од Париз

Првиот тенисер на светот, Шпанецот, Рафаел Надал, морал да го предаде мечот од четирифиналето против Србинот Филип Крајиновиќ. Надал својот настап во Париз го прекинал поради повреда.
Во пресрет на четирифиналниот меч, Надал, на конференција за медиуми открил дека има проблеми со десното колено, но дека сепак ќе истрча на теренот. Коленото на 31. годишниот тенисер не издржало и морал на Крајиновиќ да му го предаде мечот.
Надал додал дека ќе даде се’ од себе за да биде подготвен за завршниот Мастерс кој се игра во Лондон од 12. до 19. ноември.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …