Какво време не очекува за викендот?

 Метеоролозите најавуваат зголемување на облачноста и доаѓање на облачна маса од северозапад.

Сето ова е поради еден фронтален систем кој се спушта од северозапад и ќе ја зафати нашата државава.Овој фронтален систем денес (03.11.2017) во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота како и во сабота наутро ќе услови локални врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Се предвидува дека овој фронт ќе биде доста брз и ќе ја помине нашата држава некаде до сабота наутро кога врнежите ќе престанат.Максимумот на температурите на воздухот денес (петок) ќе се искачи во интервалот од 10. до 19. степени додека во сабота ќе биде само малку посвежо со максимум на дневните температури на воздухот кој ќе се искачат во интервалот од 9. до 17. степени а во недела од 10. до 18. степени,најавуваат од meteomax .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мултифункционален, штедлив – минијатурен дом на тркала – Што уште да се посака?

First Light Studio ги здружил силите со локалната компанија Build Tiny и го изгради ова …