Дневен хороскоп за петок (03.11.2017)

Овен
Не ги одбивајте советите и помошта кои ви се неопходни, само затоа што сакате да се покажете како супериорни и способни се сами да решите. Ќе ви биде од голема корист личност родена во знакот на Рак или Бик. Вечер ќе ви дојдат гости. Ако ви се допаѓа личноста со која имате деловен однос, внимавајте да не ги надминете дозволените граници.

Бик
Можно е да си направите големи трошоци купувајќи нешто што реално не ви е потребно. Обидете се да бидете пореални кога станува збор за финансиите. Денот е поволен за оние кои прават реални планови и кои не се со никој во конфликт, во спротивно очекувајте кавги.

Близнаци
Верувате дека лесно можете да се прилагодите на новите услови за работа, кои најверојатно сами ги одредувате. Многумина не се подготвени да ве следат, особено не еден Лав, Рак или Риба. Можна е вест за пари од некој во кој немате многу доверба или не знаете на што сте со него.

Рак
Очекувате од еден Стрелец, Јарец или Бик да ви излезат во пресрет кога станува збор за ангажирање со некоја работа за која не сте сигурни дека ќе биде навремено платена. Некој ќе ви даде хонорарна работа или ќе ви даде ветување дека ќе се обиде да ве вработи во банка или во некоја друга финансиска институција.

Лав
Немојте да бидете претерано самоуверени особено кога станува збор за работа со некој Рак или Бик. Ова би можел да биде за вас еден од подобрите денови ако сте добар тактичар и ако се обидете да ги разберете и другите. Можно е непријатно да ве изненади барањето од работодавецот да останете подолго на работа или дополнително да се ангажирате за некој проект.

Девица
Ќе имате можност да се видите со некој кој доаѓа од странство. Верувате дека таа личност ќе ви помогне да ги решите вашите приватни проблеми. Ќе ви биде потребна поголема тактика за да се извлечете од проблемите. Не навлегувајте во непотребни расправии со воздушните знаци.

Терезија
Влегувањето на Месечината во знакот на Лав во вечерните часови значи дека ќе добиете добар совет од колегите или од некој кој го сметате за исклучително добар пријател. Соработката со млади жени ќе ви донесе добивка, особено доколку станува збор за некоја од знакот на Бик или Рак.

Скорпија
Денеска ќе бидете подготвени за тимска работа и едноставно се ќе ви оди од рака. Потрудете се да бидете повеќе отворени со вашиот партнер и да разговарате за вашите проблеми. Шетајте и забавувајте се повеќе.

Стрелец
Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни цел ден, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Денес е ден за забава, заборавете на се друго.

Јарец
Нервозата моментално е нагласена. Причина за напнатост и имате и немате. Долго време прикривавте нешто од блиските и соработниците, па сега сакате да ја исправите грешката. Мора да бидете трпеливи и чекор по чекор да ги решавате проблемите. Почнете да водите здрав начин на живеење.

Водолија
Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите. Сентиментаклните односи ви се доста напнати а вие ќе се чуствувате осамено.

Риби
Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува оклу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Жена споделила рецепт против надуеност: Вели дека го сузбива апетитот и веднаш делува

Тиктокерката Happy&Healthy Olivia решила да проба вирален рецепт кој наводно ја намалува надуеноста и го …