АТП Париз:Надал, Чилиќ, Дел Потро… во борба за полуфиналето

Денес во Париз, на последниот Мастерс во годината, ќе се играат четирифиналните мечеви.
Најдобриот тенисер на светот, Рафаел Надал, го победил Уругваецот Пабло Куевас со 2:1 и се пласирал во четирифиналето на Мастерсот во Париз, каде го очекува дуелот со Србинот Филип Крајиноциќ, кој исто така во три сета беше подобар од домашниот тенисер Николас Мау.


Десеткратниот шампион на Ролан Гарос, Надал, кој годината ќе ја заврши како број 1, го објаснил и’ значењето на Париз во неговата кариера.

„Париз е дефинитивно најбитен град за мене. Моментално сакам да дадам се од себе. Веројатно ми е најбитно што ја освоив десеттата титула на Ролан Гарос ова година“ рекол Шпанецот.
Во останатите четирифинални мечеви ќе се сретнат Хуан Мартин Дел Потро и Џон Ишнер, Жулиан Бенето и Марин Чилиќ и Фернандо Вердаско и Џек Сок.
План за директни преноси:
14:00 Хуан Мартин Дел Потро – Џон Ишнер
15:30 Рафаел Надал – Филип Крајиновиќ
19:30 Жулиан Бенето – Марин Чилиќ
21:00 Фернандо Вердаско – Џек Сок
Директните преноси можете да ги следите на Спорт клуб 1 и 2 каналите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …