(ВИДЕО+ФОТО) Бијонсе ја потврдила кралската улога во „Крал на лавовите“ и открила многу нешта!

Една од најпопуларните пејачки на денешницата Бијонсе, е дел од актерската екипа на играната верзија на анимираниот класик на Дизни…
Играната верзија на омилениот анимиран филм „Крал на лавовите“, под режисерската палка на Џон Фавро, и службено ја добила кралицата за да својот глас го даде на кралицата.Queen Bey, односно пејачката Бијонсе Кноулес – Картер својот глас ќе и го даде на Нала.
Веќе некое време се нагаѓало дека Бијонсе би можела да се најде во таа улога, но дури сега добивме официјална потврда и тоа токму од Бијонсе, кој тоа го објавила на својот профил на Фејсбук.

#TheLionKing 2019.

Posted by Beyoncé on Mittwoch, 1. November 2017

Сликата која ја објавила ни ја открива целокупната актерска екипа која ја предводи Дени Гловер како Симба, Шиветел Ејифор како Скар и Џејмс Ерл Џонс во улогата на Муфаса, истата во која бил и во оригиналниот анимиран филм.
Класикот на Дизни се појавил во 1994. година и сеуште се наоѓа на самиот врв на највносните анимирани филмови на сите времиња со заработувачка од 968,8 милиони долари.
Играната верзија на „Кралот на лавовите“ се очекува на 19. мај 2019. година, 25. години после оригиналот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Свадбени фотографии од овој пар разбесниле многумина: „Најодвратни на сите времиња“

Фотографиите од венчавката на непознатата двојка се проширија на социјалните мрежи, а необичната тема на …