(ФОТО) Највкусна торта со бело чоколадо

Највкусна торта од бело чоколадо со вкус на печени лешници. Неодоллива и совршена за родендени и прослави, но и кога ќе посакате да пробате нешто поинакво…
Состојки:
Кори:
15 белки
375 г. шеќер
375 г. мелени лешници (ореви или бадеми)
Фил:
15 жолчки
15 лажици шеќер
375 г. путер
150 г. бело чоколадо
Подготовка:жолчките изматете ги со шеќерот и сварете ги на пареа, фино и густо. Тоа значи дека кога ќе минете со лажица по дното треба да остане трага која полека се затвора. Кремот оставете да се излади.
Рерната вклучете ја на 200. степени. Плех (26х31 см) намачкајте со масло, покријте со хартија за печење, па и неа лесно намачкајте ја со масло. Направете три кори, секоја од по 5 белки, 125 г. шеќер и 125 г. лешници.
Белките изматете ги со малку сол, да станат пенести па додајте го шеќерот и матете додека не добиете сјаен и цврст шам. Со лажица вмешајте ги лешниците, полека, со движења одоздола кон нагоре. Подготвената смеса истурете ја во подготвен плех. Израмнете и печете 15 – 20 минути. Кога кората ќе биде печена се одвојува од ивиците на тавата.
Испечената кора превртете ја на хартија за печење поставена на работна површина, извадете ја хартијата на која се печела а кога ќе се излади исечете на три ленти.
Додека првата кора се пече подгответе ја втората и така додека не ги испечете сите три.
Кога жолчките ќе бидат убаво изладени изматете го путерот и матејќи поврзете со жолчките. Белото чоколадо истопете го на пареа и поврзете со кремот. Изматете лесен и воздушест крем.
Филување: мачкајте ги корите и редете една врз друга, украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …