Бора Чорба инспирација бара во Лапонија

Рокерот пред претстојните настапи на „висински подготовки“ отишол во татковината на Дедо Мраз…
Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, пред почетоците на пробите за акустичните концерти „Чорба се слуша и без струја“, отпатувал на северот на Европа, поточно во финскиот дел на Лапонија, татковината на Дедо Мраз.
Окружен со недопрената природа и ниските температури легендарниот рокер ја посетил границата со Русија, се опуштил во возење со санка која ја влечеле хаски, посетил фарма за одгледување на овие кучиња, но и’ уживал во погледот на единствениот природен феномен – поларнат светлост.
„За посета на Лапонија се одлучив бидејќи пратеникот од оваа регија, ја признал независноста на Каталонија па дојдов со него да искутирам за тој проблем“ се шегувал Бора…
„Со оглед на тоа дека со годините станав ’лапонец’ па полошо памтам, логично е дека загубеното памтење ќе го побарам во Лапонија. Можеби, ако го најдам, нема да морам на концертите да ги читам текстовите“ додал досетливиот Бора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Жена споделила рецепт против надуеност: Вели дека го сузбива апетитот и веднаш делува

Тиктокерката Happy&Healthy Olivia решила да проба вирален рецепт кој наводно ја намалува надуеноста и го …