(ВИДЕО) Се’ за гледаност: Како момче кое гледало документарен филм за духови си го одземало животот?

Невниманието на авторите и BBC директно влијаеле на определувањето на 18. годишно момче да си го одземе животот…
Екипата на емисијата „Ghostwatch” била задолжена за истражување на куќа во Британија која била опседната со духови.
Документарниот филм „Ghostwatch” за првпат бил емитуван на BBC во 1992 година.
Мајкл Паркинсон, Сара Грин и Мајк Смит во тоа време го воделе овој програм, а иако емисиите се снимале со недели претходно, тие ја убедувале публиката дека сè се случува во живо, што влевало страв кај гледачите.

Истражувачите на проколнатата куќа измислиле дух по име Пајпс („цевка” на англиски) кој живеел во цевките на домот, а децата во документарецот се жалеле дека слушаат чудни звуци. Подоцна во текот на филмот се открива дека станува збор за дух на психички пореметен човек. Во студиото
од каде што се пренесувал овој филм постоел дури и лажен телефонски број за гледачите, кои се јавувале да ги споделат своите паранормални искуства.

Мартин Денам, момче кое имало 18. години, по гледањето на овој документарец се самоубил. Неговите родители тврделе дека тој бил опседнат со емисијата, а пораката која  ја оставил гласела:
„Доколку постојат духови … ќе бидам засекогаш покрај вас, како дух”.

Поради тврдењата дека нивниот син се самоубил поради таквата програма, семејството се жалело кај Комисијата за радиодифузни стандарди. Во пресудата стоело дека BBC е должен да ги извести своите гледачи дека емисијата не опфаќа вистински настани.
BBC се извинил за овој пропуст и никогаш повеќе не го емитувале овој документарец на телевизија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина актерот познат по улогите во филмовите „Ослободување“ и „Супермен“

Актерот од ХОЛИВУД, Нед Бити, кој публиката најдобро го памети по улогите во филмовите „Ослободување“, …