(ВИДЕО+ФОТО) Репертоар на Театар Комедија од 1. до 15. ноември

1.11. (среда) „Вардарски пастуви“
„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Буве (се сеќавате на филмот „Фул Монти“?) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, пред сѐ затоа што е сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се
препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да и позавидат и Буве, и Мекартен и Синклер.
Приказната е современа и мејд ин Скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – тифози, на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите на Скопје, ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, а
потенцирано од нивните секојдневни проблеми (едниот има проблеми со жената, друг не може да
си фати девојка, третиот за да заработи служи како келнер итн…) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: Се бараат млади, згодни, убави… за машки стриптиз.
Предупредување: Содржината нема сексуално експлицитна тематика, но може сериозно да ја возбуди женската публика, и не е препорачлива за лица под 17 годишна возраст…
Актери:Атанас Атанасовски – Џаро,Валентин Костадиновски-Тино – Брзи,Жарко Димовски – Жица,Илија Илиовски – Касап,Столе Мицов – Лепи,Едмонд Сотир – Роки,Крсте Јовановски – Шеф,Јелена Жугиќ – Лина.
2.11.( четврток) „Мечка“
3.11. (петок) „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“


Утрешната претстава „Првин ќе ме земеш после ќе ме….“ е распродадена


Posted by Teatar Komedija on Montag, 30. Oktober 2017

5.11. (недела) „Приказните на заборавените претци“ – Народен театар Слојштица
6.11. (понеделник) „Дони Дарк“
7.11. (вторник) „Нешто пропуштивме“
Драмски текст од Горјан Милошевски, кој зборува за животот и односот меѓу театарџиите зад кулисите. „Нешто пропуштаме“ е претстава за мала театарска група која сака да добие грант од странска фондација. Тој грант е единствен начин да реализираат нова продукција. Меѓутоа, истиот тој грант им создава голем проблем затоа што мораат да исполнат параметри зададени од фондацијата и мораат да вклучат теми што им се наметнати. Во исто време, театарот прави
обидда развие и свој израз и своја тема, меѓутоа апсолутно во ништо не им оди на тој план.
Преку оваа основна драмска линија може да се сфати како театарџиите, уметниците, но и луѓе од многу други професии буквално се понижуваат и се потчинуваат за да ги добијат парите. Потчинувањето се одвива на две нивоа – микро и макро, односно во меѓучовечките односи во самиот театар, и на релација театарот и светски познатата фондација. Дополнителен проблем во
целата оваа приказна е фактот што секој член од театарот – двајца актери, продуцент и режисерка, гледа само свој интерес.
Автор – Горјан Милошевски.Режија – Бојан ТрифуновскиАктери: Алекс – Сашко Коцев,Андреа – Нина Деан, Сеирмен – Валентин Костадиноски–Тино, Леонора – Жаклина Петровска, Миша – Столе Мицов.
8.11. (среда) „Стјуардеси“
Станува збор за класична фарса, за текст кој според некои податоци е влезен во Гинис. Во претставата, екипата не се држи целосно до самата фабула на текстот, туку ја приспособува на она што е карактеристично за нас. Во оваа поставка Синиша Евтимов се обиде да го задржи истото време кога оваа претстава е поставена, односно 1960-тите години, тргнувајќи од една теза дека
Скопје би било многу „покул“ место ако сите ја слушале музиката на Драган Ѓаконовски-
Шпато. Се разбира, претставата на некој начин се потпира на оваа музика, која станува нејзин препознатлив знак.
Целото дејство се одвива околу еден архитект-плејбој, кој ја нашол формулата за совршен живот. Имено, неговата замисла тргнува од идејата да имаш три стјуардеси од различни авиокомпании, што ти овозможува да патуваш и секој втор ден да имаш различна свршеница.
Автор – Марк Камолети.Режија – Синиша Евтимов.
Актери:Бернард – Атанас Атанасовски,Роберт – Валентин Костадиновски – Тино, Берта – Марија Кондовска,Габриела – Кристина Ласовска,Глорија – Жаклина Петровска,Грета – Тања Мицков.


100ка СТЈУАРДЕСИ

Posted by Teatar Komedija on Sonntag, 29. Oktober 2017

10.11. (петок) „Случајот Хармс“
„Случајот Хармс“ е претстава за животот на рускиот авангарден писател Данил Хармс кој бил прогласен за антисоветски непријател и неговите дела биле забранети се до неговата рехабилитација во 1956 година. Хармс станува познат во Европа и светот речиси половина век по неговата смрт, земајќи предвид дека Хармс починал млад на 37 годишна возраст.
Играат: Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Мими Ристов, Столе Мицов и младиот музичар Лука Ѓоргиевски (к.г.).
14.11. (вторник) „Бракот е брак“ – претпремиера
15.11. (среда) „Бракот е брак“ – премиера

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Жените родени во овие знаци се најпосакуваните партнери и сопруги

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …