(ВИДЕО) Виновник е Спејси: „Куќа од карти“ се укинува после шест сезони!?

Авторот на серијата „Куќа од карти“ во која Спејси ја игра главната улога го поддржал Реп, а набргу се огласил и „Нетфликс“ кој објавил дека популарната серија се укинува после шестата сезона…
Антони Рап (46) проговорил з непријатното искуство со Кевин Спејси (58). Имено, постариот колега 12. години помладиот глумец го повикал на домашна забава. При крајот на вечерта, му пришол, го подигнал и го фрлил на креветот.
„Ме зема како што младоженец ја зема невестата. Не можев да се спротивставам бидејќи не сфаќав што се случува. Ме фрли на креветот и легна на мене. Се обиде да ме заведе“ рекол Ентони.
Набргу се огласил и Кевин Спејси со извинување и признал дека е хомосексуалец.
„Од сега и јавно ќе живеам како геј маж. Досега моите најблиски знаеа за моите односи со мажите и жените“ напишал оскаровецот на својот Твитер профил.
Творецот на серијата „Куќа од карти“ во која Спејси ја игра главната улога се огласил на социјалните мрежи и го поддржал Ентони Рап.
„Таа приказна е застрашувачка. Сепак, работејќи со Кевин не сведочев на неговото непримерено однесување“ изјавил авторот.
За инцидентот се огласил и „Нетфликс“. Во соопштението нагласиле дека се шокирани порадо целата ситуација. Потоа изјавиле дека серијата „Куќа од карти“ се укинува после шестата сезона.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …