Многумина од нив многу ги боли кога други луѓе ги гледаат сомнително – како со нив нешто да не е во ред поради тоа што немаат деца. Неколку мажи откриле колку е тажен животот без деца…
Дури 25. отсто од мажите постари од 43. години немаат деца, и околу 20 отсто жени, открила Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија.
И додека жените се посклони да зборуваат за тоа, мажите повеќе молчат и својата болка ја чуваат во себе. Иако нивниот копнеж по потомство е голем, многумина не зборуваат за тоа, не покажуваат емоции и не им се доверуваат на блиските.Некои од нив не сакаат да излезат „слаби“ или „женкасти“ па повеќе сакаат да молчат и да ги потиснуваат чувствата.
Но, неколку мажи одлучиле да ги раскажат своите искуства.
Проговориле за причините зошто немаат деца, како се чувствуваат поради тоа, но и на какви проблеми наидуваат.
Се согласуваат дека ослободувањето од размислувањата за замислено семејство бара цел процес на жалење, а справувањето со тие емоции е тешко за многу мажи.Многумина од нив многу ги боли кога другите луѓе ги гледаат сомничаво – како со нив нешто да не е во ред бидејќи немаат деца.
Робин Хадли (57)
Имал 37. години кога се вљубил во жена која не можела да има деца, тоа е неговата сегашна сопруга.Вели дека не му било сеедно да го прифати фактот дека никогаш нема да има деца. Имал се’ во животот, но чувствувал дека животот не му е потполн.
Вели дека во тоа време сопруга на негов пријател била трудна, а тој чувствувал љубомора, иако знаел дека тоа нема смисла.

(ФОТО) Машка страна на приказната: „Да се биде без деца е тагување без смрт!“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
✕