(ФОТО) Формула 1: Хамилтон од „дното“ до титулата, Верстапен победи во Мексико!

Мексико донесе интересна трка во која Луис Хамилтон на крајот се радуваше на нова титула, а Макс Верстапен на нова победа.
Холанѓанецот го нападна Себастијан Фетел уште во првиот свиок, дојде и до мал контакт, па Луис Хамилтон се обиде да го искористи тоа.
Но и’ возачот на Мерцедес имаше контакт со Германецот на излезот од свиокот три, Луис Хамилтон остана со исечена задна гума а Фетел со скршено предно крило, па трката на двајцата беше практично уништена, и немаше кој да го предизвика Макс Верстапен за победата.
И додека Холанѓанецот комфорно возеше на лидерското место, Себастијан Фетел се обидуваше да напредува и да стигне до позиција која ќе го остави во борбата за титулата.
Возачот на Ферари имаше доста претекнувања, но успеа да напредува само до четвратата позиција, која значеше дека Луис Хамилтон е нов светски шампион. За Британецот ова е четврта титула.
Победник во Мексико е Макс Ферстапен од Ред Бул и за него ова е трет триумф во кариерата и втора оваа сезона. На победничкиот подиум се најдоа уште и Велтери Ботас од Мерцедес и Кими Раиконен од Ферари.
Генерален пласман: Хамилтон 333 бода, Фетел 277, Ботас 262,…
Претпоследната трка е закажана за 12 ноември во Бразил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …