Има начин како во тестенините драстично да ги намалите калориите

100. тестенина содржи околу 390. калории, а повеќето од тоа го чини скроб кој во нашето тело се претвора во шеќер, односно се таложи како сало.Кога на тоа ќе го додадете сосот бројот на калориите само се зголемува…
Тестенината, колку и да е вкусна, сама по себе е скроб кој не е добар за нас. Така 100. тестенина содржи околу 390. калории, а повеќето од тоа го чини скроб кој во нашето тело се претвора во шеќер, односно се таложи како сало.
Сепак, научниците имаат добри вести за сите љубители на тестенините – има начин да се намалат калориите во неа.
Се’ што треба да направите е да не ги јадете веднаш по варењето, туку изладете ги и повторно загрејте. Тоа откритие всушност е случаен пронајдок во експериментот на емисијата на BBC – „Trust Me, I’m a doctor“ (Верувајте ми, јас сум доктор).
Во неа на испитаниците им давале тестенина, а потоа на секои 15. минути им го мереле нивото на шеќер во крвта. Оние кои јаделе свежо сварена тестенина имале дури двојно поголемо ниво на шеќер во крвта отколку оние кои истото количество тестенина го јаделе кога била изладена, а потоа повторно загреана.
„После повторното загревање скробот во тестенината повеќе се однесува како оној во сувите граорки (грав, леќа, боб…), банани или овес“ рекол доктор Крис ван Тилекен заслужен за необичното но важно откритие.
Со други зборови подгреаните остатоци од ручек или вечера, барем кога станува збор за тестенините, се поздрава опција. Имено,на тој начин се намалува ризикот од дијабетес како и дебелина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …