(ВИДЕО) Ова е најскап апартман на светот: Една ноќ чини 80.000 долари

Иако се мисли дека епицентрите со епитетите „нај“ се Лас Вегас и Дубаи, најскапата хотелска соба се наоѓа во Женева.
Rojal penthaus во хотелот Prezident Vilson е официјално најскап апартман на светот во кој една ноќ чини 80.000 долари.
Освен шпо има најголема цена, воедно е и најголем апартман во Европа со 1.650 метри квадратни. Посебност му дава и терасата со поглед на Ламанското езеро.
Апартманот прима 12.луѓе (секој има посебна соба), па цената на апартманот по лице изнесува 6.600 долари. Има две главни соби, кои имаат своја мермерна
бања и џакузи од кое се пружа поглед на езерото.
Во апартманот, како што се претпоставува, престојуваат познати богати личности, поради што е обезбедена голема сигурност – прозорци отпорни на куршуми, зајакнат безбедоносен систем, но и копчиња за итен случај – распоредени по целиот апртман. Исто така има и приватна сала за вежбање.
Секако, најскапиот апартман на светот не подразбира само стандардни содржини. Гостите можат, на најголемиот ТВ екран во светот, да гледат емисии, да се забавуваат на клавир и да уживаат во уметничката колекција на ретки и стари предмети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …