(ВИДЕО+ФОТО) „Инсајдер“ – серија која ги рефлектира нашето новинарство и реалност

После „На терапија“ „Фамилијата Марковски“ ќе можеме да следиме уште една македонска тв серија. Секако, радува што после долги години ќе можеме да следиме уште една тв серија која ќе го отсликува нашето секојдневие…
Од 30. oктомври на Телма ТВ ќе можете да ги следате епизодите на најновата ТВ серија „Инсајдер“. Сценариото и продукцијата се 100% македонски, што е веднаш забележително поради блискоста на темите, кои ќе можете да ги следите секој работен ден во 20:40.

Најмладиот член на екипата на #Инсајдер е фоторепортерот Антонија. И покрај младоста, таа е еден од водечките фоторепорт…

Posted by Инсајдер on Dienstag, 24. Oktober 2017

Свој продукциски потпис на проектот ставаат звучни имиња како Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија, Никола Мадиќ и Сашо Кокаланов. Српскиот актер Светозар Цветковиќ, кај нас познат по улогите во „Среќна Нова 49“ и „Тетовирање“, е само едно од имињата на долгата листа квалитетни и етаблирани актери кои играат во серијата, заедно со Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Јордан Симонов…

Врвен новинар и истражувач, Александар е членот на #Инсајдер кој што секогаш е во потрага по најновата афера. Живее буре…

Posted by Инсајдер on Montag, 23. Oktober 2017

Инсајдер ќе биде здив од свеж воздух на македонските ТВ канали поради различниот пристап кон дискусиите од нашето секојдневие. Теми кои ни се добро познати на сите нас се разработени низ призмата на истражувачкото новинарство на глобално ниво, но исто така и сите специфични предизвици со кои се соочува една редакција во Македонија.

#БидиИнсајдер! Стани дел од нашиот тим и освој влезници за VIP премиерата на првата епизода на Инсајдер! Овој ексклузивен настан ќе биде зад затворени врати за широката јавност, а ние ги отвораме само за најдобрите. Како до влезници? 1. Погледни го трејлерот2. Во коментар напиши твој предлог-наслов за насловна страна на неделникот ИнсајдерНасловот може да биде од било која тема која тебе те засега. 20те со најмногу лајкови ќе можат со себе да поведат +1 и да го доживеат светот на филмската продукција заедно со целиот тим кој стои зад #Инсајдер. Нека победат најдобрите!

Posted by Инсајдер on Donnerstag, 19. Oktober 2017

Дејствието на Инсајдер е сместено во една новинарска редакција во часот пред да се дефинираат темите за следниот број на неделникот „Инсајдер“, под притисок на времето и останати фактори кои играат голема улога во финалната одлука на тоа што ќе оди во печат.

„Инсајдер ќе биде мошне интересна серија за сета македонска публика затоа што преку секоја епизода ќе добијат шанса да ѕирнат зад кулисите на новинарството, и да ја согледаат вистината околу која се раѓаат конфликтите и истите се разрешуваат. Сето тоа е „спакувано“ во нео-ноар – стил кој е богат со сенки и контрасти, и визуелно ги отсликува битките на секој од ликовите, и сомнежите околу тоа дали постои ’црно и бело’ во така сив свет“ велат од продукција.

Мирела е задолжена за интервјуата во #Инсајдер. Таа има талент да извлече се од соговорникот,па дури и тоа што тој никак…

Posted by Инсајдер on Sonntag, 22. Oktober 2017

Серијата се емитува во време кога на македонската јавност не и се достапни печатени весници и магазини како некогаш.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …