(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ се враќа на теренот – оваа година

Некогаш најдобриот тенисер на светот,Новак Ѓоковиќ, на терените ќе се врати кон крајот на декември на егзибициониот турнир во Абу Даби, по четири месеци пауза откако го повреди лактот.


Ѓоковиќ се пријавил на турнирот кој се игра од 28. до 30. декември.
„Среќен сум што се враќам во Абу Даби и што ќе учествувам на 10.ттото издание на турнирот. Голема чест е да се настапи на овој шампионат, конкуренцијата ќе биде голема и тоа ќе биде вистински тест за моето враќање и почетокот на сезоната“ изјавил Ноле за сајтот на турнирот на кој покрај најдобриот српски тенисер ќе заиграат и моментално рекетот број 1 Рафаел Надал, Швајцарецот Стен Вавринка, Австријанецот Доминик Тим, Канаѓанинот Милош Раониќ и Шпанецот Пабло Карења Буста.


Hike

Posted by Novak Djokovic on Donnerstag, 19. Oktober 2017

„Игачката постава е секогаш јака и за мене тоа ќе биде идеален начин за враќање и старт во новата сезона“ заклучил Ѓоковиќ кој поради повреда на лактот не игра повеќе од четири месеци и, најверојатно, првпат после 2006. година сезоната ќе ја заврши рангиран вон кругот на десетмината најдобри тенисери на светот.

Morning workouts by the river.. 🔝 🤸🏻‍♂😅 Love being here!! #Belgrade

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Ѓоковиќ во моментов е седмиот тенисер во светот, три пати беше најдобар во Абу Даби (2011., 2012. и 2013.) на турнирот кој служи како подготовка за Аустралиан Опен.

I was so fast on the track that I needed a parachute…. 💫😉⚡️🤣 cc @usainbolt

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ – Навивач втрчал на теренот и го преплашил Меси: Поради бурната реакција на обезбедувањето останал без автограм!

Фудбалската репрезентација на Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Јамајка со 3:0, а покрај двата …