(ФОТО) Семејството на Новак Ѓоковиќ го погодила голема трагедија од која уште не се’ опоравиле!

Пред четири години семејството на Новак Ѓоковиќ го потресла голема трагедија, а приказната дури сега се појавила во јавност.

Чичкото на Новак, Момир Ѓоковиќ (прв братучед на таткото на Новак), пред четири години, во својата куќа во Краљево, си го одземал животот, пишува српски курир.
Момир не можел да поднесе што, додека живееле во Австралија, неговата сопруга го измамила,го прогласила за мртов и го присвоила цело богатство кое тој го заработил.
„Момо по професија беше рударски техничар и скоро четири децении се бавеше со проучување и обработка на минерали и од тоа се збогати“ открил извор.
„Беше добар човек, чесен и вреден. Но, не само тоа. Беше и’ богат и успешен, ценет и почитуван во Србија, но и вон земјата. Со жената долго живееше во Австралија. Меѓутоа, пред 15, години поради документи мораше да се врати во Србија. Неговото враќање во татковината го искористила сопругата и го прогласила за мртов. Го измами!Парите кои ги заработил работејќи со полу
скапоцени и скапоцени камења останале кај неа. Се обидел да докаже дека е жив, но бадијала. Пишуваше до амбасадата на Австралија, докажувше дека е жив иако го прогласиле за мртов, но неговото барање од некои причини не беше усвоено“ додал изворот.
После неколку години борба, наводно Момир кренал раце од се и во потрага по работа заминал во Словенија каде работел како обезбедување.
„Работеше и дење и ноќе. Се бореше како лав за да преживее, но го јадеше тоа што од парите кој ги заработил стоејќи на вратите на ноќни клубови не можел да живее како порано. Го мачеше тоа што жена му го измамила. Набргу ја напуштил и Словенија и бидејќи немал каде се вратил во родното Краљево. Тука последните години живеел скромно, скоро на работ на езгзистенција. Се обидел
во Србија да пронајде скапоцени камења, па на подрачјето на Трстеник трагал по опал, Копаоник, Златибор…но немал кому да го продаде“ тврди изворот кој додал дека поради големите долгови на крај се обесил.
„Татко му на Ноле многу пати му помогна, но Момо сакаше да живее со таков живот. Се обеси во својата куќа кога луѓето од електродистрибуција му ја исклучија струјата. Должел за данок, како и за комуналии, а тој не сакал да му биде на товар на својот роднина и на неговото семејство.
Семејството Ѓоковиќ било потресено од веста дека Момир си го одземал животот…
„Не можеа да поверуваат дека го направил тоа. Го погребаа како што доликува“ заклучил изворот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …