(ВИДЕО) Кружните автомобилистички трки во Скопје донесоа излетување и повеќе повредени…за среќа без опасност по животот

Македонија вчера имаше можност да следи кружни автомобилистички трки во Скопје, но за жал тие станаа сведоци на ужасен инцидент, кој ја прекина трката „Скопје 2017“.

Трката беше прекината во четвртата дивизија во осмиот круг поради излетувањето на Урош Бркиќ при што е повреден организаторот на трката и претседател на АКК „Примо“, Александар Димушевски кој е префрлен во болница.
Организаторот на кружната авто-трка денеска во Скопје, Александар Димушевски, според најновите информации е во стабилна здравствена состојба, со скршеници во пределот на главата, но надвор од животна опасност, потврдиле од организацијата на трката.
Тој вчера беше повреден откако возачот на тркачки автомобил, Урош Бркиќ, изгуби контрола во центарот на Скопје и со возилото при голема брзина удри во носач на билборд, притоа погодувајќи го и Димушевски. Двајцата повредени се на лекување во приватна болница во Скопје, од каде не обелоденуват повеќе детали.
По инцидентот кружната автомобилска трка беше прекината. Димушевски е претседател на Автомобилскиот клуб „Примо“ и организатор на денешната трка. Урош Бркиќ кој е полесно повреден е натпреварувач од Србија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …