(ФОТО) Студентски колач

Рецепт кој ќе ви послужи кога немате идеја  што да направите со остатокот од белките…

Состојки:
5 белки
250 г. шеќер
150 г. суви смокви
250 г. суво грозје
1 лист обланда
Подготовка:сувите смокви исецкајте ги и измешајте со сувото грозје и 50 гр. шеќер.
Од белките изатете цврст беланец и при крајот постепено додадете ги останатите 200 гр. шеќер, продолжете да матите но кратко време. Додајте го и сувото овошје и лесно со лажица измешајте ги.
Листот обланда ставете го во плех и добиената смеса намачкате ја еднакво на листот – печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
Напомена: доколку го сакате вкусот на румот – тогаш пред да ги исечете смоквите ставете ги во рум, секако и сувото грозје, потоа исцедете и насецкајте.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

10. најчести женски и машки фантазии: Сакаат да водат љубов на отворено, сакаат да снимаат „акција“

За сите кои бараат инспирација за подобар секс со партнерот или само се интересираат за …