(ФОТО) Рецепт на денот: Солени штрудли со фил од спанаќ и урда

Состојки:
Тесто:
500 г. брашно
30 г. свеж кавасец
70 мл. масло
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
125 мл. кисела вода
125 мл. млако млеко
Фил:
300 г. исчистен спанаќ
170 г. урда или сирење
1 белка
сол, малку бибер
1 жолчка
1-2 лажици путер или маргарин
Подготовка: во топлото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.Нека се активира квасецот. за тоа време се спојуваат една жолчка и путеротВо стасаниот квасец се додаваат течните состојки, па постепено, сол, брашно.Се замесува средно тесто.Се покрива и нека стасува 30 минути.
За тоа време се подготвува филот.
Во сад се налива вода и се става на оган да зоврие.Потоа се додава измиениот и исчистен спанаќ.После една минута се вади, мие со ладна вода за да се спречиме процесот на бланширање и се става во цедалка.
Нека се излади убаво, па се цеди со раце (треба да биде сув, за да не го намокри тестото) се додава урдата, зачините, белката.
Тестото се дели на 4 топки.
Од секоја се сука правоаголна кора.На две места се ставаат по две кори.Двете кори намачкајте ги со изматената жолчка и ги покривате се по една кора.Сега од првото купче се сука долга кора, правоаголна, се става фил и завиткува ролат до половина на кората, па од другата страна исто.
Значи на средина на кората да се спојат ролатчињата.
Ставете ги во плех, оставете да стасуваат 20 минути, намачкајте со малку белка или жолка и печете 30 минути на 180 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …