(ФОТО) Бред Пит се заљубил во 32 години помлада девојка која ја играла Ангелина Џоли – како млада, или е се’ само добар маркетинг!

Е, сега, дали Бред Пит навистина се вљубил или пак станува збор за добар маркетинг на новата серија „Bittersweet” (Горко слатко) на која Бред Пит е продуцент ќе покаже времето бидејќи познато е дека во Холивуд ништо не е како што изгледа.А, кога станува збор за бизнисот – ништо не е најбитно од него.

Откако се објави веста дека најславниот пар се разведува, Бред Пит постепено се повлече од јавноста.Но, очигледно славниот холивудски заводник постепено се опоравувал а сега се препуштил во нова романса со помлада колешка.

Според пишувањата на светските медиуми, американскиот глумец Бред Пит „паднал” на 21 годишната глумица Ела Пурнел.
Интересно е тоа што Ела потсетува на неговата поранешна сопруга и што таа ја глумела младата верзија на Ангелина во филмот “Maleficent”.
Инаку, Бред е воодушевен со тоа што Пурнел добила улога во неговата нова серија „Bittersweet”, на која и’ глумицата се радува. Воедно, признала дека Пит и’ се допаѓал многу одамна.
“Бред подолго време ја имал во план Пурнел за овој проект. Таа била полестена од вниманието кое го добива од Пит, па дури и’ признала на својата пријателка како Бред секогаш и’ бил прв на листата помеѓу славните симпатии”, вели неименуван извор за Ин тач.

Истиот извор кажува дека Ангелина слушнала за гласините и воопшто не се израдувала. “Анџгелина е бесна поради интересирањето на Бред за Пурнел да биде дел од серијата. Не го поднесува добро фактот дека Бред сака да биде со некоја која глумела млада верзија од неа”.
Ангелина не ја прифаќала големата разлика во годините, бидејќи Пурнел е само
пет години постара од нивниот син Медокс.
“Бред знае дека разликата во години е голема и дека оваа врска сите би ја гледале како средновековна криза, но физичкиот изглед не бил клучниот фактор зошто му се допаднала. Таа го придобила и со храброто и симпатично однесување и глумечките вештини”, открива извор близок до парот.
Е, сега, дали Бред Пит навистина се вљубил или пак станува збор за добар маркетинг на новата серија „Bittersweet” (Горко слатко) на која Бред Пит е продуцент ќе покаже времето бидејќи познато е дека во Холивуд ништо не е како што изгледа.А, кога станува збор за бизнисот – ништо не е најбитно од него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …