Писателката Џ.К. Роулинг е најплатена личност во Европа: Побогата од Роналдо и Ѓоковиќ

Со заработка од 95. милиони долари во 2017. година, британската писателка Џ.К. Роулинг, позната по серија романи за Хари Потер, е најплатената славна личност во Европа, пишува британскиот Телеграф.
Половина од заработените пари, во кои не се вклучени таксите и другите трошоци, ги заработила само од сценаријата за претставата “Хари Потер и проколнатото дете” која од 2016. била објавена и во форма на книга и продадена во 1,3 милиони примероци.
Покрај тоа, според податоците на Форбс, Џ.К. Роулинг е најплатената светска писателка и третата наплатена личност во светот.

Според податоците на Форбс за најплатени личности во Европа, првите 20. личности во последните година дена заработиле 1,06 милјарди долари. Во оваа бројка  не спаѓаат даноците.
После Џ.К. Роулинг, следува Кристијано Роналдо со заработка од 93. милиони долари. Потоа следуваат бендот Колдпеј, Адел, Роџер Федерер и Гордон Ремзи.
На листата се нашол и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој во претходните 12 месеци заработил 37,6. милиони долари и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ со 32. милиони долари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Починала глумицата од хит серијата Peaky Blinders и Harry Potter: Имала само 52. години

Актерката Хелен МекКрири, позната по улогите во хит серијата „Peaky Blinders“, но и по улогите …