Рецепт на денот: Ароматична грчка пита

Потребно е:
3 тиквички
60 мл. маслиново масло
2 страка праз
300 г. брашно
половина шоља сечкани свежи мирудии
половина шоља сечкано нане
250 г. фета сирење
250 г. урда
8 јајца
200 г. пршута, сланина
Подготовка: тиквичките излупете ги и исечете на кругови, насолете и ставете на страна да пуштат вода. После 15. минути измијте ги и убаво исушете со кујнска хартија. Во тиган на маслиново масло издинстајте го ситно сечканиот праз, додека омекне, па префрлете го во друг сад. Додајте ги тиквичките, сирењата, јајцата (малку изматени), брашното и зачините, Додајте сол и црн пипер по вкус, па измешајте се’ убаво да се соедини.
Рерната вклучете ја на 200 – 220 степени, да се загрее, Калап со пречник од 22. см. намачкајте со масло, по дното и страните, па обложете со кришки пршута (или сланина), по дното и страните. Истурете ја подготвената смеса,па сланината преклопете ја кон средината.Ако немате капак, покријте со алуминиумска фолија и ствете во рерна и печете 45. минути. Питата е готова кога средишниот дел ќе биде цврст. Неколку минути пред питата да биде готова откријте ја оставете да добие боја.
Оставете питата да се лади 20. инна минути, па исечете и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …